Време: Од утре дожд
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој особено ќе биде изразен во југоисточниот дел на земјава. Во утринските часови по одделни котлини и речните долови ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 11 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 14 степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа