Дали треба да ги вакцинираме нашите деца?

 

Вакцинацијата на децата во последните неколку месеци ја бранува македонската јавност. Додека официјалните здравствени власти убедуваат дека вакцинацијата е неопходна за да не ни се вратат болести кои одамна биле искоренети, неформални групи на граѓани велат дека вакцините се штетни за здравјето на децата.
Диркторката на Детската клиника. Аспазија Софијанова минатата недела во интервју за Press24 вели дека македонскиот народ  знае да ги препознае предностите на вкацинирањето

Секое дете е одговорност на родителите пред се, но и на општеството, а и на лекарите за кои имаме дадено хипократова заклетва. Затоа не може да се остави на нешто што се вели страв од кажување и зборување. Се се работи во светот по принцип на докази изведени од медицински проверени и вистински докажани ситуации. Човекот, за жал колега кој ја отвори дилемата во Велика Британија,  е веќе во затвор. Се докажа и покажа дека вакцината на 13 месеци не предизивкува аутизам. Поврзаноста со имулошкиот систем е важна исто така кај аутизмот, но ако не е вакцината други дополнителнин работи ќе го направт тоа што значи дека кај тие деца, кои се акцептибилни за аутизам, ќе го добијат и со и без вакцината, доколку е до имунолошка некомпетентност, обичен вирус, бактерија, во градинка ќе го добие и обично тогаш се приметуваат промените. Лошо излезе што се обивинија вакцините. Луѓето не знаат што значи враќање на тешките болести од кои се умира. Сепак овој народ е умен и умее да ги стави работите за и против и постепено се намалува тој тренд на антивакцинално движење, нешто за кое посебно се радувам - веи Софијанова.

Др Софијанова вели дека поборник за вакцината бидејќи видела многу лоши слики во својот живот, кој можеле да бидат превенирани.
„Имам видено дете како умира од пертусис(кашлица) за кое лекот тешко може да го спаси животот, а вештачкото дишење кое лично го имам дадено е последен лек на избор, за кое кога би знаеле каква агресија и стрес предизвикува и што тоа значи по еден живот, никој не би сакал да биде во таква ситуација за своето сопствено дете. Или заушките како можат да остават траен стерилитет, или…“ - вели Софијанова за Press24

Сепак постои и друга група граѓани која смета дека децата не треба да се вакцинираат.

 

„Дали тој што вели дека вакцината е лесно боцкање и дека медицината е денес отидена многу напред, знае дека не постои посуров и поварварски чин од вакцината каде во чист и здрав детски организам со игла се вбризгува коктел од вируси, жива, алуминиум, абортирани човечки ткива, клетки од бубрези на мајмуни, супстанци кои предизвикуваат стерилитет и уште многу други отрови, се во името на заштита на тоа дете од најобични ДЕТСКИ болести како што се сипаници и заушки или пак заштита од болести кои веќе не постојат.“ - веил групата која се нарекува иницијатива Здравјето на игла не влегува.

28.10.2014 - 20:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега