И тоа се случува: Се напил и си легнал во кревет покрај маж во погрешна куќа

 

26- годишниотТајлер Саливенод Америка, бил уапсен во алкохолизирана состојба откако влегол во погрешна куќа и си легнал на креветот покрај сопственикот.

Сопственикот кој веќе спиел на креветот, кога се разбудил се шокирал и веднаш повикал полиција, пренесуваат американските медиуми.

Од полицијата изјавиле дека Саливен мислел дека влегува во куќата на својата мајка во Клинтон, во сојузната држава Конектикат. Сопственикот на куќата, кој се разбудил целиот збунет му кажал на Саливен да го напушти неговиот дом, но тој одбивал. 

Саливен бил обвинет е за непочитување на приватен имот и кршење на јавниот ред, по што бил пуштен со кауција, пренесува Daily News.

28.10.2014 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега