Реакција на МОН: Греење има во сите студентски домови, со исклучок на „Кузман"
Во интерес на вистината и објективното информирање на јавноста, Министерството за образование и наука известува дека во сите државни студентски домови функционираат и веќе се активни системите за греење, со исклучок на студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, каде што се работи на санација на технички проблем поврзан со парните котли и очекуваме грејниот систем да биде ставен во функција во текот на утрешниот ден.
-Евидентен е обидот на дел од медиумите преку нереално известување за состојбите во студентските домови, со изнесување на нецелосни информации и додавање на субјективни видувања, јавноста да биде дезинформирана, стои во реакцијата од МОН на пишувањата во дел од опозициските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа