Храбар скопјанец се обидел да спречи кражба - два пати го прободеле со нож
Скопјанец вработен во трафиката „Бенетон“ вчера бил ранет со нож од страна на непознат разбојник.
Се работи за З.П. од Скопје кој вчера бил на смена во трафиката „Бенетон“ на булеварот Теодосиј Гологанов, во скопската населба Тафталиџе кога околу 14 часот непознат маскиран разбојник влегол и се обидел од касата да ги украде паритеод дневниот промет.
Храбриот продавач се обидел да го спречи крадецот во намерата, но тој извадил нож и два пати го прободел продавачот во вратот, по што го напуштил местото на настанот.
Ранетиот скопјанец бил забележан од муштерија кој влегол во трафиката и веднаш бил пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар.
Полицијата трага по сторителот.