Албанската полиција приведе 70 сириски имигранти

Зачестуваат обидите сириски државјани илегално да влезат во Албанија, преку Грција со цел патот да го продолжат кон западно европските земји, јави дописникот на МИА.

Во последната акција албанската полиција во близина на селото Глин, кај јужниот град Ѓирокастро, открила и привела 70 сириски имигранти кои илгеално влегле на албанска територија.

Меѓу емигрантите имало и повеќе жени и деца. Дел од имигрантите поради долгиот и напорен пат и временските услови имале здравствени проблеми.

- Полицијата ги контролира нивните документи за да утврди дали меѓу нив има ексртемистички елементи, а врз сите нив ќе биде извршен комплетен медицински преглед за да утврди некој од нив да не е носител на висусот на ебола, стои во полициското соопштение.

Според полициската статистика само во текот на овој месец приведени се повеќе од 200, главно сириски и помал број пакистански државјани. 

28.10.2014 - 18:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега