Кои делови од Скопје утре ќе останат без вода?

Утре од 9 часот и 30 минути па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата „Коста Шахов“ и дел од улицата „Дебарца“ во Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради отстранување појавен уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Коста Шахов“ број 7.

28.10.2014 - 17:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа