Доби милионска понуда но реши да ја одбие- погледнете што направил

24-годишниот Жером Жар е момче кое неодамна доби милионска понуда, но реши да ја одбие, а тој момент го сними и го сподели со останатите.

Имено Жером е најпознат преку Vine видеата. Во јуни годинава, тој стана четвртата личност со најмногу следбеници на Vine.

Жером имал сиромашно детство, не бил добро прифатен помеѓу соучениците, но самиот ги свртел работите во своја корист. На 19 години тој ги напушта бизнис студиите за да замине во Кина каде започнал свој бизнис. Но, дури потоа работите тргнуваат на добро. Имено, Жером е еден од првите корисници на Vine и неговите видеа станаа вирални. Видеата почнал да ги поставува додека го водел својот бизнис, кој потоа го остави само за да се посвети на видеата. Неговата популарност му овозможи гостување во емисијата на Елен ДеЏенерис, кое му донесе околу милион следбеници на Vine, а сега има 7,5 милиони следбеници.

Славата што ја стекна, а и харизмата што ја поседува му донесоа ангажмани за телевизии и често беше присутен на филмските фестивали каде снимаше Vine видеа со познати актери.

Кога имате толкава популарност и интернет публика секако ќе добиете примамливи понуди. Жар преку една таква понуда доби прилика да заработи милион долари. Но, тој сфатил дека ќе направи грешка доколку ја прифати затоа што не сака некој да му кажува што треба да прави.

Ова е момче кое на 19 години се одлучи на потег за кој немаат храброст повеќето луѓе и со оглед на тоа каде е сега, можете да бидете сигурни дека самиот ќе го заработи милионот под свои услови. Можеби одби милионска понуда, но го стори она што го знае најдобро – создаде уште едно вирално видео.

28.10.2014 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега