Иран ја обвини Турција за продолжување на граѓанската војна во Сирија
Иран денеска ја обвини Турција дека со својата политика го продолжува тригодишниот воен конфликт во соседна Сирија, пред се, со инсистирањето сирискиот претседател Башар ал-Асад да биде соборен од власта и со поддршката на „терористичките групи“ во Сирија, соопшти иранската државна агенција ИРНА.
Техеран и Анкара имаат спротивставени страни во граѓанската војна, која бунтовничките сили, вклучувајќи ги и сунитските муслимански борци од Исламска држава, ги крена против Асад, најблискиот регионален сојузник на Техеран.
- Мешањето на Анкара во сириските внатрешни работи, за жал, доведе до продолжување на војната и смртта на мноштво невини цивили во Сирија, изјави висок претставник на иранското Министерство за надворешни работи.
- Кризата во Сирија можеше да заврши уште пред три години, доколку турските власти престанеа со барањето за смена на режимот и престанеа да ги поддржуваат терористичките групи во Сирија, додаде тој.
Коментарите се одговор на забелешките на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој во понеделникот го обвини Иран дека извршил влијание во верската поделба на Сирија.
- Кога имаме билатерална средба со Иран, тие се согласуваат ова прашање заедно да го решиме. Кога ќе стане збор за дејствијата, за жал, тие имаат свој начин на работа, изјави Ердоган.
Сирискиот конфликт ги поткопа некогаш блиските врските меѓу иранските официјални претставници и Ердоган, чија политика кон Сирија е повод за разликите со Иран и со Русија, а понекогаш и со САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа