Валентина се бори за живот: Единствената преживеана во кобната сообраќајка е во тешка состојба
Докторите се уште се борат да го спасат животот на 19-годишната Валентина која е единствената преживеана во сообраќајката каде загинаа четворица нејзини пријатели.
Србинката доби многу тешки повреди и веќе два дена е во болница.
Докторите креваат раменици и велат дека прават се што е во нивна моќ, но состојбата на повредената девојка е непроменета.
Жртвите се Даниел Доминиковиќ (22) , Кристијан Фазлија (20), неговата девојка Исидора Демири (19) и нивниот роднина Сеад Круези (20).
28.10.2014 - 16:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа