Со овие мажи, жените имаат најдобар секс

Пред било што да се пишува за тоа како жените функционираат во брак и сè поголемиот процент на неверства, новото истражување покажува дека и понатаму жените во голема мера ја ценат емотивноста па дури и тогаш кога во прашање е сексот.

Неодамна е спроведено истражување од Дурекс на 2.000 мажи и жени постари од 25 години кое покажало дека 87% од жените признаваат дека најдобар секс имаат со партнер во кој имаат доверба или со кој претходно неколку пати имале односи. Голема е бројката и кај мажите, дури 95% мислат дека емотивната поврзаност носи подобар секс, а двата пола се сложиле дека повеќе им е важно задоволувањето на партнерот отколку самите себе.

Сето тоа сугерира дека жените, а и мажите, бараат повеќе од обична забава за една ноќ. Она што во истражувањето не се споменува се сексуалните искуства во контекст на сериозните врски или во контекст на неофицијален однос кој и понатаму вклучува изневерувања. Новинарката Хана Росин во својата книга “The end of men” тврди дека истражувањето за сексуалноста и менувањето партнери во дваесеттите години на жените долгорочно им користи и не ги спречува во пронаоѓање долготрајна и емотивна врска понатаму во животот.

Конечно може да се заклучи дека желбата за емотивна и сериозна врска секогаш победува. И кај мажите и кај жените.

28.10.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега