Еве како да влезете во тајното мени на вашиот Самсунг Галакси

Samsung Galaxy смартфоните имаат тајно мени кое овозможува проверка најразлични функции и до кое лесно може да пристапите.    Оваа опција за првпат беше забележана од страна на Андроид централ, а многумина од вас кои поседуваат ваков телефон сигурно не сте ја знаеле.  Доколку сакате да пристапите кон ова тајно мени, на тастатурата на телефонот внесете *#0*#.  Преку менито може да се тестираат вибрациите, боите, осетливоста на екранот на допир, силата на звучникот и слично.  Преку системот може да се направи и проверка на сензорите, па со притискањето на функцијата „sensor“ ќе се отворат податоците за нивното функционирање. 

28.10.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега