Почнува новата сезона во НБА лигата

Со трите натпревари кои се играат вечерва стартува новата 69.та сезона во НБА лигата. Титулата ја брани тимот на Сан Антонио, кој првиот дуел ќе го има со Далас.

Покрај овој натпревар вечерва играати: Њу Орлеанс - Орландо и ЛА Лејкрес - Хјустон.

Во новата сезона се очекува еден од конкурентите за титулата да биде и тимот на Кливленд, кој во своите редови го врати Леброн Џејмс, а како засилување дојде и Кевин Лав. Секако не треба да се заборави дека дресот на Кливленд го носи и најдобриот играч од Светското првенство од Шпанија Кајри Ирвинг.

Сезонава враќање на теренот ќе направи и ѕвездата на ЛА Лејкерс Коби Брајант.

Втора година по ред во дресот на Атланта ќе настапува и македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Амбициите на оваа екипа се повторно да се избори место во плеј-офот. Атланта првиот натпревар ќе го игра утревечер на теренот на Торонто.

28.10.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега