Нова католичка црква во Куба по 55 години
Куба, по 55 години одобри изградба на прва нова католичка црква, објави Црквата, а експертите наведуваат дека тоа е знак за унапредување на односите меѓу Ватикан и комунистичката Влада на Куба.
Изградбата ќе ја финансираат католички донатори од Тампа, Флорида, а црквата ќе биде изградена во Сандино, град на западот на земјата, познат по производство на кафе и лимон.
Во новата црква ќе има места за 200 верници.
28.10.2014 - 09:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа