Неда Украден: Да се соблечев порано, можеби ќе беше подобро!
По пофалните текстови во британските "Дејли меил" и "Дејли експрес", Неда Украден ветува дека во емисиите што следуваат во шоуто "Твоето лице звучи познато" силно ќе го шокира светот.
Пејачката вели дека таа никогаш не сонувала дека на 64 - години ќе доживее светските медиуми да пишуваат за неа благодарение на "Твоето лице звучи познато".
"Успеав да ја победам старосната дискриминација и да покажам дека баба може да биде младолика, згодна, витална и полна со енергија. Би сакала да добијам улога на Тина Тарнер, бидејќи енергиите ни се сличи, а ветувам дека во емисиите што следат ептен ќе ја шокирам публиката", рекла Неда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа