Какви пороци има синот на Цеца?
Балканаската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во неколку прилики истакнува дека нејзините деца Вељко и Анастасија не се разликуваат многу од своите врсници, и дека прават исти работи како и тие, како и дека таа нема во план да им забрани се што е во границите на нормалата.
Дека дефинитивно се држи до горе споментатите ставови, неодамна потврдила кога во јавност се појавила заедно со својот син. Имено Вељко во нејзино присуство запалил цигара, а потоа како вистински џентлмен и запалил цигара и на својата мајка.
Цеца досега многу пати говорела како сака да ги остави цигарите и дека тоа не и оди од рака, а овој порок не го заобиколил ниту нејзиниот син.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа