ВИДЕО: Слепо тригодишно детенце, музички генијалец

Тригодишното дете од Словачка Бранко Дворецки се родило слепо, но има неверојатен талент за свирење клавир.

Детенцето, кое живее во едно село близу Братислава, на двегодишна возраст со помош на слухот почнало да свири мелодии од цртани филмови.

Една година подоцна тој ги воодушевува своите роднини и соседи со свирење на поп песни, но и делови од класиките како што се „Тристан и Изолда“, „Рихард Вагнер“ и „Лебедово езеро“.

Бранко уште како бебенце покажал интерес за класичната музика, но никогаш не одел на часови по свирење клавир.

-Кога дознав дека е слеп, бев многу тажна и малку лута на судбината. Сега сфаќам какво богатство е тој. Кога беше бебе сакаше да се игра со музичките играчки и често ги стискаше типките од синтисајзерот. Му се допадна класичната музика толку многу што почна да ги учи нотите, изјави неговата мајка Елена.

Нивните соседи не можеле да поверуваат кога ја слушнале музиката од нивната куќа, мислејќи дека свири неговиот татко. Соседите го викаат детенцето „малиот Моцарт“.

27.10.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега