ВИДЕО: Слушнете ја првата песна на Тамара Милановиќ од „Х-фактор“
Помина повеќе од половина година од завршувањето на првото регионално реално шоу „X-фактор“, па Тамара Милановиќ заедно со нејзиниот брат Душан реши да го сними својот прв сингл.
Имено станува збор за емотивна балада која е целосно нивно авторско дело, со тоа што музиката е на Душан, а текстот на Тамара. Сега тие заедно настапуваат како дует LillieWah, а нивната прва песна се вика „Bliss“.
Акустична снимка само на гитара, Тамара одлично пее и успева да остане доследна на својот стил.
Слушнете како звучи прекрасната изведба на „Bliss“:
27.10.2014 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа