Се воведува електронска наплата во автобусите на ЈСП

Скопје се приклучува кон модерните европски метрополи и преку модернизација на наплатата во јавниот градски превоз. Благодарение на проектот за автоматска локација на возилата и електронска наплата, ќе се знае дали автобусите навремено и редовно поминуваат на одредена станица, а ќе се воведе и електронски билет кој ќе важи и во јавниот и во приватниот градски превоз. За ова денеска информираше градоначалникот на СКопје, Коце Трајанов.

- Системот за нпалата во ЈСП е пред колабс, дневно има по минимум 20 расипани наплатни пунктови, со овој проект односно електронската наплата на билети ќе овозможи во секое време да се знае точниот број на патници во автобусите, а со тоа ќе се зголеми и прометот за најмалку 10 отсто, рече директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Тој нагласи новиот систем нема да има влијание врз цената на билетите.

 

- Околу 500 автобуси ќе бидат опремени со уреди за електронска наплата, 300 од нив ќе бидат од јавниот градски превоз, а останатите од приватните превезоници, осносно од Слобода превоз и Мак експрес, посочи Трајановски.

Со ова ќе се намали времето на чекање на градските автобуси, на повеќето автобуски станици ќе има дисплеии кои ќе го покажуваат времето на пристигање на автобусите, а ќе се зголеми и бројот на продажни места за билети.

Трајановски очекува дека со тоа освен што ќе се зголеми наплатата, ќе се зголеми и бројот на грашани кои ќе го користат градскиот превоз.

Во новиот систем, како што нагласи Жарко Луковски од Т-мобиле, компанијата која го доби тенедерот, е предвидена и можност за плаќање во градските автобуси и преку мобилни уреди.

27.10.2014 - 12:37
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега