Фрчат казни за несовесни возачи - викендов пајакот направил парче


Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 21 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, седум возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 15 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во овие три дена отстранети се 105 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.  

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Кузман Шапкарев„ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат на подрачјето на општината Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение. 

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

27.10.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега