Пробувам се но маж ми не сака да има секс со мене

После 15 години брак Лејсли Греј (49) се нашла на маки, маж и не сака никако да спие со неа. Страста потполно избледела во нејзиниот брак, а таа и сопругот не се интимни веќе пет години. 

„Кога се запознавме тој беше висок, крупен, нежен, страствен. Тогаш знаев дека ме сака. Сега не сака ниту да ме бакне, а уште помалку да има нешто повеќе со мене. Ретко спиеме заедно во кревет, а во последните пет години не сме имале сексуални односи ниту еднаш", изјавила оваа несреќна жена. 

 Лејсли не може да сфати што се случува со нејзиниот брак. 

„И двајцата изгледаме добро. Јас сум привлечна и активна во сексот. Сакам див секс. Кога бевме на почетокот од врската и бракот имавме одличен секс, иако и тогаш не беше многу чест. Привлечноста на почетокот беше само физичка. Тој беше сладок и знаеше како треба да се однесува со мене во кревет. Лесно можев да го заведам и изненадам", открила Греј.

 Но, после некое време работите се промениле.

„Отсекогаш сме се почитувале во бракот, но никогаш не сме имале страст. Мислев дека љубовта и страста се две различни нешта. После три години поминати заедно, останав трудна. Тој ме поддржа во бременоста и се венчавме. Во второто тромесечие од бременоста хормоните ми подивеа, па само сакав да јадам и да водам љубов. Тој постојано ме одбиваше. Се трудев да го одржувам својот физички изглед, колку што можев. Почна се почесто и почесто да пие. Кога се породив, се радував на фактот што конечно пак ќе можеме да бидеме интимни, но тоа не се случи. Постојано ме одбиваше, а неговото образложение беше дека не сака да имаме односни, за да не ме повреди, затоа што сум се породила со царски рез", додала Лејсли.   Како минувале годините во нивниот брак , така тие се повеќе се оддалечувале еден од друг.

 

„Имам полна фиока со секси долна облека, но ниту еднаш ја немам облечено. Тој не сака да ме гледа во такво издание. Живееме во голема куќа, а јас не работам затоа што сакав да му се посветам на семејството. Поради тоа постојано сум дома и сум осамена. Понекогаш наутро ќе го разбудам со бакнеж за да го изненадам, и баш кога ќе почнам да иницирам на секс, тој се трга од мене и станува за да почне да се спрема за на работа. Во последните пет години не сме имале секс ниту еднаш. Последен пат тоа го направивме кога беше многу пијан, што дури и не се сеќава на тоа. Несреќна сум и сакам да се разведам, но незнам што да кажам. Апсолутно се друго е во ред со нашиот брак, освен сексуалниот живот. А верувајте без секс е тешко да се живее", рекла Греј во својата исповед. 

26.10.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега