Скопје меѓу најевтините градови за живот во светот

Скопје е меѓу најевтините градови во светот, покажува истражување на „Експатисан" кое ги споредува трошоците за живот во градовите.   Македонската метропола со индекс на трошоци на живот од 82, се најде на 211. место од вкупно рангирани 224 градови во светот.  Податоците се изведени со анализа на 1.975 цени на прехранбени продукти, домување, транспорт, облека и обувки, лична хигиена и забава, кои ги дале 128 различни луѓе.    Од градовите во регионот најскапа е Љубљана, која е на 129 место, а потоа Атина на 131. Загреб е на 171 место, Белград на 195, Сараево на 197 место. Истанбуле на 147 место, а Софија на 206 позиција.  Најскап град во светот според овој индекс е Цирих. Меѓу петте најскапи се и Осло, Лондон, Женева, Сингапур. На листата од 20 најскапи градови 10 се во Европа, а четири во САД.  Најевтини градови со светот се Харков во Украина потоа Хидерабад, Пуне и Ахмедабад во Индија и  Кишињев во Молдавија. 

25.10.2014 - 22:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа