Бејл во јануари преминува во Манчестер Јунајтед

Велшкиот фудбалер Герет Бејл во зимскиот преоден рок ќе го напушти Реал Мадрид и ќе премине во Манчестер Јунајтед, објавија денеска англиските медиуми.
 
Според информациите кои доаѓаат од островот, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати дури 90 милиони евра за трансфер на Велшанецот на „Олд Трафорд“.
 
Интересот на Манчестер за Бејл трае одамна, односно уште од времето кога тој беше играч на Саутемптон, а подоцна и на Тотенхем.
 
Сепак, Бејл се реши од Тотенхем да замине во Мадрид каде се наметна како еден од главните фудбалери после Кристијано Роналдо.
25.10.2014 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега