Српската мисица нема да учествува на Miss Globe во Албанија поради инцидентот на фудбалскиот натпревар

Српската убавица го откажа учеството на  годишениот  избор „Miss Globe“ што ќе се одржи во северниот албански град Скадар.

Причина за откажувањето е инцидентот што се случи во Белград на 14 октомври на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија.

- Причината ја кажаа самите, дека се плашат од евентуален инцидент во Албанија идентичен како оној што се случи во Белград. Но, од албанска страна им беше дадена гаранција дека сите девојки се безбедни и оти сите ќе имаат ист третман без оглед од која држава доаѓаат, од Србија или Хрватска или друга земја, изјави Алида Ценај, портпаролка на манифестација за Албанија.

Изборот Мис глоби е 41 по ред а во Албанија тој се одржува по единаесетти пат.

Според продуцентот на манифестацијата за Албанија, Петри Бозо, ова е последен избор кој ќе се одржи во оваа земја.

Учесничките пристигнуваат денеска, а финалната вечер ќе се одржи на осми ноември. Македонија ќе ја претставува Надица Димовска (19) од Скопје.

Овој интернационален избор за убавина по рејтинг е веднаш зад „Мис на Светот“ и „Мис Универзум“.

25.10.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега