„Да бидеме хумани за нашите соседи“

Пред поголемите  маркети во 14-те урбани заедници во Општина Карпош ќе се одржи хуманитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“.

Традиционалната акција, која се одржува по 13-ти пат, е во организација на Oдделението за детска, здравствена и социјална заштита, а е дел од манифестацијата „Денови на општина Карпош“. 

Од општината ги покануваат сите хумани граѓани, при своето пазарење во супермаркетите, да помогнат и да донираат дел од производите за своите соседи, социјално загрозените семејства.

25.10.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа