Зошто се споија ONE и VIP во Македонија?

Се здружуваме за подобар настап на исклучително конкурентниот македонски пазар. Вака од централата на Телеком Австрија ја објаснуваат одлуката ВИП и ОНЕ да отпочнат процедура за спојување во една компанија.

Во моментов се прави проценка на двете компании и се очекува до крајот на ноември да има прецизни информации за трансакцијата.

Словенечките медиуми веќе шпекулираат со суми. Според нив државната Телеком Словенија, која има 50 милиони евра долгови, ќе ја искорсти можноста по три години целосно да се повлече од новата компанија во Македонија, а за уделот би добила 24 милиони евра.

Со спојувањето, кое треба да го одобрат македонските власти, има можност двете компании да прераснат во мобилен оператор со најголем пазарен удел во земјава.

Преку неодамнешното стекнување мнозиски пакет акции во Телеком Австрија, сопственик на новата телеком компанијата во Македонија ќе биде најбогатиот човек во светот, Мексиканецот Карлос Слим

24.10.2014 - 22:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега