„БАЛКАНСКИ ЕКСПЕРИМЕНТ“ МАНИПУЛАЦИЈАТА СО ВРЕМЕТО ПРОДОЛЖУВА!?

Експертите велат вистинска реткост е ова што се случува. Застражувачка претстава од 20.000 громови над словенечкото небо. Поплавени 900 објекти во Љубљана... Погледнете го видеото. 

Невремето кое во текот на ноќта удри со цела сила предизвика застрашувачка претстава на небото, откако за неколку часа на Словенија беа забележани 20 илјади громови, што според експертите е вистинска реткост за оваа годишна доба, пренесуваат словенските медиуми. 

На Електротехничкиот институт „Милан Видмар“ синоќа будно се набљудуваа настаните на небото. Невремето кое донесе огромна количина на дожд и поплави беше карактеризирано со голем број на громови. 
На територијата на Словенија за 10 часа беа забележани приближно 20.000 громови. Таквата активност некогаш се случуваше во летните месеци, но за оваа годишна доба е вистинска „реткост“, велат експертите од овој институт.

Само во главниот град на Словенија, Љубљана беа поплавени 900 објекти, по обилните дождови и изливања на реките низ цела Словенија. 

Припадниците на Војската на Словенија, противпожарните служби откако водата го опколи главниот град и ги блокираше сите пролазни патишта во него, денеска беше исцрпена од поплавените стамбени објекти и институции и беше помогнато во чистењето на уништените работи и материјали.

Слично е и во другите краеви на Словенија во кој жителите останаа без струја.

Проценката на настаната штета засега сеуште се проценува, но со сигурност се тврди дека е огромна. 

СРБИЈА
RHMZ во Србија: Водостојот на 20 реки е приближно со предупредувачките нивоа!

24.10.2014

На дваесет реки во наредните два дена е прогнозиран умрен пораст на водостојот, предупреди Републичкиот хидрометеоролошки завод.

На Колубар, Љига, Јасеница, Кубршница, Црница, Лепенец, Ресава до утре водостојот ќе биде со умерен пораст со можност да ја достигне и критичната граница.

На Млава, Тимоку, бантаските водотоци, малите притоки на Јужна Морава, каки и на Западна Морава, Скарпеж, до 25 октомври водотоците ќе бидат во умерен пораст.

RHMZ предупреди на својот сајт, каде ја забележа прогнозата дека водостојот на овие реки се приближува на границата на дозволеното. 

НАДВОР ОД БАЛКАНОТ

АВСТРИЈА - истиот циклон

КОЛАПС ВО АВСТРИЈА: Метар и половина снег, бура и поплави!

Силна виулица предизвика сообраќаен хаос низ Австрија, во регионот Арлберг и тиролската општина Аусерфенрз, каде наврнаа и до 150 инчи снег, што е досегашен рекорд.

Снежните наноси на патиштата предизвикаа голем број на сообраќајни несреќи, а голем број од патиштата беа блокирани поради дрвјата кои беа соборени од бурата. Стотици домаќинства ја поминаа ноќта без електрична енергија, а денеска метеоролозите најавија дека ќе падне уште еден метар снег.

Обилните снежни врнежи предизвикаа сообраќаен хаос на автопатот Tauern (A10) кој претставува главна врска меѓу западните и јужните делови на Австрија. Лошите временски услови доведоа до целосен застој на сообраќајот на камионите кои поради искорнатите дрвја целосно го блокираа сообраќајот кај Tauern тунелот во правец на Салцбург. Се уште не е познато колку долго ќе трае одлагањето.

Срушените стебла ги оштетија и струјните железнички жици, што доведе и до целосен застој на возовите меѓу австриската провинција на Тирол и Форарлберг. Исто така поради силните ветрови постои опасност од лавини и затворени голем број на патишта во Форарлберг. Експертите предупредуваат дека во Тирол постои голема опасност од лавини.

Поради големите количини на снег во местото Рицлерн имаше и неколку судири.

Во северниот дел на провинцијата на Салцбург пожарникарите во текот на ноќта се бореа со поплавите, додека во планинските области мораа да се извлечат заглавените возила од високите снежни прекривки, кои беа заробени на републичкиот пат Хохкеинг.

Силните ветрови и обилните снежни врнежи искорнаа голем број на стебла во областа Тирол и предизвикаа голем број на проблеми кај тамошните жители. Во регионот Бранденберг, Цилертал ин Гел Герлостал стотини домаќинства останаа без електрична енергија, а во пределот Кицбил-Бриксентал отежнат е примниот радио-сигнал.

Од австрискиот авто-мото клуб предупредија дека сообраќајот на планинските патишта е тешко прооден поради обилните снежни врнежи, и дека поради снегот доаѓа до пукање на стеблата по должината на патиштата, а силниот ветер ги прави работите само полоши.

Метеоролозите прогнозираат дека во текот на наредниот ден ќе има повторно силни врнежи на дожд. Снег се очекува главно во западниот дел на Австрија. На северната страна на Алпите, метеоролозите предвидуваат да падне дури и до еден метар снег.

Погледнете го видеото тука:

24.10.2014 - 20:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега