Голема заплена на марихуана од страна на хрватската полиција

Цигари, алкохол, лекови, антидепресиви, вакцини...сите и понатаму се легални.

Кај Опатија „падна“ алтернативниот исцелител: Полицијата заплени дрога вредна преку 200.000 куни.

Полицијата во една семејна куќа во Матулјима, крај Опатија, откри стаклена градина за одгледување на марихуана. Нелеглна сушилнца и дестилерија за производство на масло од канабис и повеќе од 22 килограми сушен коноп, како и 11 стебла, објави денеска полицијата во Котар, на конференција за новинарите.

Во акцијата наречена „исцелител“ хрватската полиција по повеќемесчното собирање на информациите, од градината на семејниот дом на 36 годишен маж во центарот на Матулија, откри стакелена градина, и сушилница и дестилерија во подрумот на неговиот дом, изјави шефот на полициската станица Хари Бранд.

Била пронајдена и опрема од типот на вентилатори, електрични греалки, електрични дробилки за марихуаната, а биле конфискувани и лекови „тешки“ 200.000 куни.

Вредноста на овие лекови на нелегалниот пазар изнесува 200.000 куни. Во акцијата уапсен е и 36 годишен маж кој пак во изјавата дадена за полицијата открил дека станува збор за практикување на алтернативна медицина.

Од еден килограм од индискиот коноп може да се добие 50 до 60 милилитри масло, а неговата цена на црниот пазар изнесува од 300 до 350 евра за 10 милилитри, изјави Бранд.

Полицијата утврдува дали станува збор за продажна на маслото од канабис и дали е рекламирано на пазарот за производи на алтернативна медицина.

Началникот на Секторот за криминалистичка полиција, Полициската управа на Катар, Жељко Крунеш, ја пофали оваа акција, на сузбивање на илегално производство и трговија на марихуана.

 

Во текот на наредните денови осомничените ќе биде изнесени на испитување в надлежниот Државен завод за адвокатура. 

24.10.2014 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега