Експлозија во фабрика за оружје- најмалку шест лица повредени

Најмалку шест работници се повредени денеска при експлозија во фабриката за оружје „Тара“ во црногорскиот град Мојковац.

Веднаш по инцидентот на местото пристигнале возила на службата за брза помош, како и на противпожарната единица, но немало потреба од интервенција на пожарникарите, бидејќи работниците сами го изгаснале огнот што избувнал по експлозијата.

Како што пренесува „Побједа“, повредните работници се вон животна опасност. Причините за експлозијата засега не се познати.

Инаку, во фанриката „Тара“ се произведуваат пиштоли, пушки, пиротехника, ракетни мотори и средства за специјални намени за потребите на полицијата и војската.

24.10.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега