Џафери и Котески на средба со делегација на НАТО

Министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески денеска ќе се сретнат со делегација предводена од заменик-директорот на НАТО за соработка и регионална безбедност, комодор Емил Ефтомов.

Според најавите, на средбата ќе се разговара за подготовките на Република Македонија за членство во Алијансата и учеството во воените вежби на НАТО, воената обука, спроведувањето на Партнерските цели и меѓународните мировни операции. 

најчитано сега