Прегазил детенце на пешачки премин и побегнал - полицијата трага по несовесен возач

Четиринаесет годишен тинејџер е тешко повреден откако синоќа додека поминувал на пешачки премин во близина на училиште во Нови Сад, на него со голема брзина налетал автомобил „југо“ и го удрил.

Несреќата се случила околу 20 часот вчера вечерта а очевидци за српските медиуми посочиле дека детето поминувало на пешачки премин и тоа додека семафорот за него бил зелен, но возачот на југото не застанал туку директно го удрил. Потоа, излегол од автомобилот, го погледнал детето и избегал.

Момченцето е пренесено во болница. Полицијата се уште трага по возачот.

24.10.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега