За два дена 27 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди. 

Во средата се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои седум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица. 

Вчера извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. 

Случена е и една незгода со последица телешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак. 

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 16 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола и без возачка дозвола. 

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на двата дена отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во сабота, на 25 октомври ќе се одржи велосипедска трка под мотото „Трофеј Град Скопје 2014“ со почеток во 12 часот, а во 18 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Турингер, Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие спортски манифестации од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

24.10.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа