Снегот остави без струја 46.000 домаќинства во Србија

Околу 46.000 семејства во Србија остнаа без струја, како последица на снегот и силен ветер што од вчера ја зафатија земјата. 

Најтешко погодени се реоните на Пријепоље, Рашка, Нова Варош, Гуча, Сјеница и Ивањица.

Во општината Нова Варош, каде снегот континуирано врне уште од средата во поладневните часови, без струја останна 2.800 домаќинстава, а некои делови од градот се и без вода за пиење.

Во Нова Варош наврнаа околу 25 сантиметри снег, додека на врвовите Златара, Муртеница, Босенија и Јавор има формирано снежна покривка од 40 сантиметри.

24.10.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега