Судењето на убиецот на малата Тијана закажано за јануари 2015?!

Судењето за Драган Џуриќ, осомничениот за убиството на 15 годишната Тијана Јуриќ ќе почне во јануари наредната година. Според неофицијалните наводи од истрагата, завршено е вештачењето на облеката и предметите, но не и на возилото со кое месарот од Суричин управувал ноќта кога се сомнева дека ја киднапирал, претепал и на крај убил младата девојка. 

До подигнување на обвинението и почетокот на судењето, Дуриќ ќе остане во Окружниот затвор во Суботица. Тој и понатаму е изолиран од останатите затвореници, и се наоѓа по посебен режим на обезбедување“, велат од Окружниот затвор во Саботица.

Додека се чека подигнување на обвинението, семејството Јуриќ и понатаму бара да се донесе „законот за Тијана“, според кој веднаш шп пријавата би се тргнало во потрага по исчезнатите лица. 

МУП на Србија, го пронајде телото на Тијана на 7 август, 12 дена по исчезнувањето, а министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ истакна дека Џуриќ го призна убиството. 

 

 

23.10.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега