Ноле плачел за синчето - музичарите добивале и по 1000 евра за песна

Откако сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ се породи во 10 часот во вторникот, Ноле плачел од среќа. Најдобриот светски тенисер постојано бил во болница до својата сакана и не можел да ги скрие солзите од возбуда поради тоа што за прв пат во животот стана татко.

- Јелена имала болки околу девет. Породувањето било брзо а мајката и бебето се чуствувале одлично, вели извор за српскиот Курир.

Истиот извор додава и дека Ноле бил пресреќен и веднаш започнал да слави за синот. Гостите ги забавувал само хармоникаш на кој му давале и по 1000 евра за песна. 

 

23.10.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега