Тензична атмосфера пред општина Центар - полицијата едвај ги спречува гаѓаните да не влезат во општинската зграда

 

Тензична е атмосферата пред општина Центар каде попладнево илјадници граѓани протестираат против одлуката да се измени урбанизитичкиот план со што би се стопирала изградбата на црквата Свети константин и Елена пред домот на АРМ во Центарот на Скопје. Како што јавува репортерот на Press24 група граѓани се обидува да влезе во општинската зграда, но полициските службеници кои го обезбедуват редот ги спречиле во тоа. На седницата влегле само неколку граѓани кои претходно, уредно го најавиле своето присуство. 
Во моментов, дворот на општина Центар е целосно исполнет со незадоволни граѓани

најчитано сега