“Индекс” на РСМ: Здравата исхрана чини малку пари

Здравата исхрана чини малку пари. Македонските производи се сеуште не само квалитетни, туку и евтини, вели нутриционистот Цвета Динева во Индекс на Радио Слободна Македонија.

Според Динева оваа кампања на Владата доаѓа во момент кога свеста на граѓаните за здрава храна и здрав начин на живот е на многу ниско ниво, а за тоа говорат податоците според кои расте бројот на лица со прекумерна тежина, а со тоа и болестите.

90% од здравјето се смета дека доаѓа преку уста, а храната е лек и лекот е храна, вели Динева.

Здрав начин на исхрана подразбира вода, свежо овошје и зеленчук, но не само возрасните, туку и децата од мала возраст треба да ја практикуваат здравата исхрана.

Динева смета и дека здравата исхрана треба да биде вклучена и во менито на децата во градинките.

Но, не само образовните институции, здравите навики се стекнуваат во семејството, најголемата одговорност за здравата исхрана, а потоа и здравјето е кај родителите.

Емисијата “Индекс” може да ја погледнете во видеото кое следи:

22.10.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега