Ќе се менува Законот за еднаквост на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите денеска ја констатираше потребата за донесување на измените на матичниот Закон.

Целта на донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како што појасни Елена Грозданова, државен советник од Министерството за труд и социјална политика, е создавање правен основ за подготовка и донесување подзаконски акти со кои ќе се овозможи успешна реализација на предвидените законски решенија и спроведување на обврските кои произлегуваат од законот од страна на одговорните субјекти за воспоставување еднакви можности на жените и мажите на национално и на локално ниво. 

Пратениците ги поддржаа измените посочувајќи дека со ова ќе се овозможи подобро следење на имплементацијата на Законот за еднакви можности. 

22.10.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега