Крадел вилици од починати па ги продавал - ужас во Тетово

52-годишниот Ј.К. од Тетово си заработи кривична за „сквернавење на починат“.

На 01.10. годинава околу 20 часот и 30 минути во Тетово, кај паркот пред Трговскиот Центар извршен е преглед над Ј.К. при што се пронајдени и одземени 12 вештачки протези и четири метални навлаки- вештачки заби, кои ги одзел од гробни места на православните гробишта во Тетово.

Предметите, соопшти денеска МВР, му биле наменети за продажба, а и претходно собирал такви предмети и ги продавал на лица од Република Србија. 

22.10.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега