Внимавајте - овие секс пози можат да ве повредат

Некои пози во сексот можат да бидат опасни, додека други доведуваат до помало уживање. Погледнете кои се тие и избегнувајте ги.

Секс позата во која жената лежи на страна, под агол од 90 степени во однос на мажот, така што тоа изгледа како буквата “L”, може да биде опасна. Во оваа положба повредите на пенисот се чести.

Не мора задолжително да биде на масата, туку на било која подлога каде мажот стои, а жената лежи на грб. Да, позата е спонтана и возбудлива, но фрактурите на пенисот во оваа положба не се ретки.

Жените сакаат да бидат горе, бидејќи така лесно ја контролираат динамиката на сексуалниот однос. Но, ако таа малку посилно „скокне“, можни се повреди, бидејќи пенисот во текот на ерекцијата е издолжен.

Ако понекогаш се случи во занесот на страста да се потпрете на ѕидот, така што мажот ја држи партнерката со целата нејзина тежина и практично ја поместува горе-доле, бидете претпазливи, во оваа поза чести се повредите на грбот.

Многи го сакаат „доги стајл“, но лекарите предупредуваат дека на овој начин може да се оштети грлото на матката поради длабоката пенетрација.

Таканаречената поза 69 не е опасна, но мажите велат дека не е баш најдобар избор. Жените во таа поза се премногу „зафатени“ и тешко им е во исто време да уживаат во задоволството, а при тоа истото да му го пружат и на партнерот.

Секс под туш во која било поза е возбудлив, но ако планирате на овој начин да ја „распалите“ страста, бидете внимателни, лизгавиот под може да ви го скрати задоволството и да предизвика повреди.

Извор: Вистина.мк

22.10.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега