По еболата нов вирус му се заканува на светот

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека во Африка повторно се појави марбург вирусот, кој припаѓа на истото семејство вируси, како и еболата.

Првиот потврден случај на заболен од марбург вирусот бил во септември во Кампала во Уганда. СЗО наведе дека појавата на тој вирус е „невообичаена и неочекувана“.

Вирусот се пренесува со директен контакт со крв, телесни течности и ткиво од инфицирано лице, а симптомите се висока телесна температура и окмалаксаност .

СЗО предупредува дека марбург вирусот може да предизвика голема епидемија, како и еболата. 

22.10.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега