Нов повик за инвеститор што ќе го гради новиот градски пазар во Охрид

 

Општина Охрид распиша нов повик за воспоставување јавно приватно партнерство со субјект заинтересиран за изградба на Градскиот пазар.  Согласно објавената постапка за воспоставување на јавно приватно парнерство, огласот се однесува за изградба на административно деловно-трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар чија инвестиција ќе чини околу три милиони евра.

Во огласот објавен преку Елекронскиот систем за јавни набавки уште се појаснува дека јавниот партнер по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на приватниот партнер кој понудил најголема квадратура, на вториот спрат од административно деловниот-објект за јавниот партнер или побарал најмала квадратурана вториот спрат од административно деловниот објект.

Понудите за воспоставување на јавно-приватно партнерство ќе може да се доставуваат најдоцна до 10 идниот месец, а јавното отворање на истите ќе се одржи во просториите на општина Охрид веднаш по истекувањето на предвидениот рок.

 

22.10.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега