ЦРВЕНА ТРЕВОГА: Невреме опасно по живот ќе го погоди Балканот

Како што најавуваа метеоролозите во минатите денови, во Хрватска веќе дојде до голема промена на времето. Ноќеска околината на Загреб ја зафати силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во Горски котар е регистриран првиот снег.

Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра. Граѓаните се предупредени дека се можни оркански ветришта кои на одделни места можат да достигнат брзина од 120 километри на час.

- Црвеното предупредување значи дека времето е исклучително опасно. Се прогнозира исклучително интензивен метеоролошки настан. Голема штета и незгоди се можни на големо подрачје и тоа во најголемиот број случаи ќе бидат опасни по живот. Често информирајте се за очекуваните метеоролошки услови и ризици. Следете ги наредбите и советите дадени од страна на државните тела во било кои услови и бидете подготвени за вонредни мерки, наведува Метеоалармот во предупредувањето

22.10.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега