На Црна Гора и се заканува исклучување од европската енергетска мрежа

 

Црногорското Министерство за економија побара од „енергетските субјекти“ во земјата и Комбинатот за алуминиум во Подгорица да се договорат околу начинот за враќање на електричната енергија, која комбинатот нелегално ја користи од европската мрежа.

Овој проблем претставува закана за целосното снабдување со струја на потрошувачите во Црна Гора. 

Европскиот комитет за оперативно управување и безбедност на работата на енергетскиот систем и Европската оперативна мрежа претходно побараа од Црна Гора веднаш да започне со враќање на електричната енергија, која комбинатот нелегално ја користел од февруари до мај оваа година од земји во регионот и други членки на европската мрежа.

Двете европски енергетски институции и дадо рок на Црна Гора до 10 јуни да почне со враќање на незаконското користење на струјата. Во спротивно на земјата и се заканува исклучување од европската мрежа, а со тоа може да има и времен прекин на снабдување со струја на сите потрошувачи во државата.

Комбинатот за алуминиум во Подгорица има долгови од над 350 милиони евра.

најчитано сега