Делегација на Стопанската комора на Светски конгрес во Катар
Делегација на Стопанската комора на Македонија учествува на 8. Светски конгрес на стопански комори во Доха, Катар.
Форумот почнува денеска и ќе трае до 25 овој месец. На него учествуваат лидери на 150 комори од целиот свет кои ќе разменат искуства и ќе дискутираат на актуелни теми кои ги засегаат нивните општества. Говорници ќе бидат претседателите на водечките стопански комори, како и претставници на светската бизнис елита.
Осмиот Светски конгрес на стопански комори е можност за интеракција со делегации од преку 100 земји од светот. Домаќин и еден од организаторите на настанот е Комората на Катар.