Се преврте автобус во Индија - 18 лица го загубија животот

Во планински предел во северниот дел на Индија денеска се преврте автобус во бездна длабока 150 метри.

За жал, на местото на несреќаа загинаа 18 патници, а 14 се повредени.

Несреќата се случила на околу 310 километри северно од главниот град Њу Делхи, а причината за инцидентот се уште не е позната.

Инаку, патиштата во Индија се едни од најсмртоносните во светот со над 110.000 жртви годишно. 

најчитано сега