Македонска пејачка во шок: Добила порака од Бред Пит на Фејсбук

Младата македонска пејачка Рената Кралевска останала шокирана кога добила неодолива брачна понуда на својот Фејсбук профил. Она што е невообичаено во оваа фејсбук брачна понуда е дека таа е ни повеќе ни помалку туку од Бред Пит, пренесува Вечер.

-Драга Рената, како вистински џентлмен најпрвин би сакал да ти се претставам. Јас всушност сум Бред Пит, иако тоа звучи чудно и нереално. Ги гледав твоите фотографии и ѕидот на Фејсбук цела ноќ, а тоа ми беше доволно да сфатам дека ти си жената од моите соништа, која всушност сега е реалност. Никогаш во животот не сум видел ваква перфекција, убавина и елеганција. Имама предлог за тебе –ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ! Чекам одговор. Искрено твој Бред. Ти праќам љубов…“ стои во пораката која пејачката ја добила.

 

„Види, види, не верувам дека Анџелина ќе се согласи со ова. Види го ти Бред“, бил коментарот на Рената која ја споделила оваа порака на својот фејсбук профил, а под која следеа честитки и коментари од виртуелните пријатели на пејачката. 

 

 

21.10.2014 - 14:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега