Драмата со Бред Пит „Fury“ заработи 23,5 милиони долари во првиот викенд

Драмата, чие дејствие се случува за време на Втората светска војна „Fury“ со Бред Пит во главната улога, на кино благајните во САД и Канада овој викенд  заработи 23,5 милиони долари, надминувајќи ја заработувачката на конкурентските филмови и потиснувајќи го „Gone Girl“ на второ место.

Трилерот со Бен Афлек овој викенд заработи  17,8 милиони долари. 

Цртаниот филм „The Book of Life“ заврши на трето место со заработувачка од 17 милиони долари.

Критичарите го пофалија филмот „Fury“ поради добрата глума и новиот пристап кон жанрот воени драми. 

21.10.2014 - 10:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега