Силувал жена па жив го закопале до неа
Силувачот на една жена во Боливија е жив закопан, заедно со неговата жртва, од страна на толпа гневни селани.
Полицијата го идентификувала 17 годишниот Сантос Рамос, како силувач и убиец на една 35 годишна жена од градот Колкуечека, во југостичните делови од оваа јужноамериканска земја.
Полицијата соопшти дека луѓето ги блокирале сите околни патишта, попречувајќи да дојдат силите на редот и да интервенираат. Случајот го открил еден радио репортер кој сега настојува да остане анонимен, стравувајќи дека луѓето од Колкуечека би можело и нему да му се одмаздат.