Десет сообраќајки на скопските улици - едно лице потешко повредено

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една со потешки повредисе здобил пешак, во шест полесно се повредени двајца возачи, двајца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед, а две се само со материјална штета. 

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода. 

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

21.10.2014 - 09:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа